10 совети за конечно да ги постигнеш своите цели

Често пати заприметуваме како на првиот ЕМС тренинг, голем дел од клиентите се високомотивирани и амбициозни кон остварување на нивната цел. Но, што е она што ќе не донесе до крајната цел?
Веројатно и ти имаш своја психофизичка цел што сакаш да ја постигнеш. И, сигурно знаеш како да ја реализираш чим си мотивиран/а. Но, оваа мотивација често се губи по кратко време и твојата цел излегува од фокусот, повеќе не е на листата на најгорните 3 приоритети. Можеби се прашувш што можеш да направиш за конечно да доживееш личен успех. Со нашите 10 совети, би требало да ти биде
полесно да ги постигнеш твоите лични цели во иднина. За да го илустрираме ваквиот принцип на висока мотивација и конкретни дејства, ќе го земеме за пример Марко, еден од нашитенови членови. Марко е дојден со огромно воодушевување и мотивација да го промени својот физички изглед и здравствен стил на живот, а реченицата му гласи: – Сакам да го намалам стомакот за -20 см, за 3 месеци. Доаѓам на ЕМС тренинзи бидејќи немам време. Тој секако има цел, но како ќе ја постигне таа цел? Дали само високата мотивација е доволна? Во следниот дел од блогот, ќе го истражиме
Марковиот начин на дејство и степките кои ги презема за да ја постигне својата цел во недостаток на време.

 

Совет 1: Стани свесен/а за твојата цел

Целта „Сакам да го намалам стомакот -20 см за 3 месеци“ е конкретно формулирана. Но, она што останува отворено е: Зошто сакаш да го намалиш стомакот и што откако ќе го намалиш? Не треба само да си поставиш цел. Треба да размислиме и за тоа што те тера да сакаш да ја достигнеш оваа цел. Ова ќе ти даде повеќе мотивација! На тој начин, можеш да согледаш што всушност ќе направи твојата цел за тебе и зошто вреди да се држиш до неа.

 

Совет 2: Планирај ја реализацијата на твојата цел

Со цел успешно да ги интегрираш твоите тренинзи во твојот секојдневен живот, потребно е малку планирање. Ако планираш да започнеш со вежбање следната недела, веројатно ќе имаш проблем да
го направш тоа. Потребна ти е поголема структура во секојдневниот живот. Не мора да ги планираш деновите од утро до вечер. Доволно е ако навреме го разгледаш следново прашање: Во кои денови имам време за спортување и колку време сакам да посветам на вежбање? Можеби ќе ти помогне и да го запишеш овој план во твојот календар, за лесно да изменаџираш со твоето време.

 

Совет 3: Започни полека, а потоа зголемувај

Повеќето цели не се постигнуваат преку ноќ. Мора да имаш повеќе трпение. За да останеш мотивиран а за твоите амбиции, треба да започнеш со мали чекори. Секој мал чекор е важен! На крајот на
краиштата, треба да ти биде забавно да си дел од таа група на луѓе кои спортуваат. Значи, треба да се трудиш на почетокот да не бидеш толку строг/а кон себе. Краткиот тренинг со електро стимулација ти нуди добар почеток на тренинг. Доволни се само два тренинзи неделно за да го направат твојот ЕМС тренинг интензивен и ефикасен. Со кратки тренинзи од 20 минути за почетници, ти заштедувш време и вежбите ги учиш како правилно се изведуваат без да имаш повреди во иднина.

 

Совет 4: Вежбај со плус еден

Многу луѓе повеќе уживаат во вежбањето кога го прават тоа со уште некој. И има причина за ова: партнерот за тренинг може да ти даде мотив да станеш активен/а и да ти олесни да ја надминеш твојата внатрешна пречка. Може ќе се соочите со некои психофизички предизвици заедно. Ова те охрабрува и ти помага да не се откажуваш од патувањето до здраво и убаво тело. Партнерот може да биде и твојот персонален тренер.

 

Совет 5: Постави краен рок

Друга важна точка во твоето планирање е да поставш краен рок до кој сакаш да ја постигнеш твојата цел. На овој начин, ти не само што имаш јасна цел во твојата глава, туку и поттик да ја задржиш целта. Важно е да поставш рокови до кои всушност можеш да се придржуваш. Добар пример би бил: „До Нова Година ќе успеам да искачам 3 највисоки врвови во Македонија“. Затоа, планирај доволно време и следи ја реалната цел.

 

Совет 6: Најди инспирација

Успехот на другите може да те поттикне да ја постигнеш твојата цел. Затоа, почни да бараш (и бираш) луѓе чии успеси те инспирираат и ти помагаат да работиш на твоите цели. Книги, социјални мрежи,
подкасти или персонален тренер, исто така ќе ти помогнат да ги оствариш своите инспирации и ќе те потсетат колку е убаво да имаш активен и здрав живот.

Совет 7: Користи средни цели како водич

Секој мал успех на патот до твојата цел е важен и ти дава мотив да продолжиш. Малите средни цели се добар начин да ја постигнеш твојата голема цел. Тие ти даваат поттик да излезеш од твојата комфорна зона. Твојата прва средна цел може да биде редовно да вежбаш во период од две недели. Кога ќе го постигнеш ова, ќе се чувствуваш горд/а. Нашиот краток 20 – минутен тренинг е добро прилагоден за такви средни цели. Лесно може да се вклопи во твојот напорен распоред, дури и не ти треба торбица за вежбање, бидејќи во нашето студио ти следува чиста опрема за вежбање.

 

Совет 8: Прифати ги твоите неуспеси

Неуспесите се сосема нормални. Тие се дел од секој изреализиран успех. На почетокот предизвикуваат фрустрација. Но, тие исто така може да се гледаат како нешто позитивно бидејќи неуспесите може да го зголемат твојот спортски мотив. Важно е да ги прифатиш и да извлечеш нова мотивација од нив. Затоа, не дозволувај да се спуштиш на колена ако твојот пат понекогаш е малку трнлив, пробај да полеташ нагоре.

 

Совет 9: Внимавај на исхраната

Без разлика каква е твојата спортска амбиција: твојата исхрана игра важна улога во секој случај. Во комбинација со редовен тренинг, можеш да постигнеш многу! Затоа, дознај како можеш да ја прилагодиш твојата исхрана на твоите сопствени цели. Ќе забележиш колку прилагодувањето на исхраната може да гоподобри твојот спортски перформанс, да влијае на твојата енергија и издржливост на тренинзите. Храната е гориво за твоето тело!

Совет 10: Погледни наназад на сопствените успеси

Во некои моменти, можеби не си свесен/а за она што веќе си го постигнал/а. Но, тоа може да ти помогне да ги имаш на ум твоите претходни успеси – без разлика дали се мали или големи. Ако е така,
ќе сфатиш: Постигнуваш повеќе отколку што си мислеше! Најди време да се гордееш со себе. Ова ќе ти даде самодоверба и ќе те поттикне да се приближиш до сопствените важни цели од твојот живот. Чим стигна до тука и ги прочита внимателно сите 10 совети, останува да се фрлиш во акција – остварување на твојата главна цел за твоето психофизичко здравје не може да чека, а времето од 20 минути го имаш. Нема да е лесно, оди до крај!




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *