Како менструалниот циклус влијае на енергијата и како ЕМС тренингот се прилагодува на секоја фаза
Како менструалниот циклус влијае на енергијата и како ЕМС тренингот се прилагодува на секоја фаза
Женското тело не функционира линеарно. Нашата енергија, фокус, сила и мотивација се движат во циклуси, исто како и менструалниот циклус.
Хормоните, расположението и нивото на енергија постојано се менуваат, а со нив и начинот на кој телото реагира на физичка активност. Тоа не е слабост – тоа е интелигенција на телото.
Токму затоа многу девојки и жени нѐ прашуваат:
„Дали смеам да вежбам за време на циклус?“
Одговорот е: секако Да. Но, со прилагодување кон членот.
Со ЕМС тренингот интензитетот на контракциите се прилагодува, а вежбите се избираат внимателно, според фазата во која се наоѓа телото. Целта не е форсирање, туку поддршка.
ЕМС тренинг и менструалниот циклус
Менструална фаза
Во оваа фаза телото природно бара побавен и понежен ритам.
ЕМС тренингот тогаш може да биде:
- со помал интензитет (доволни се и само лесните движења за телото, а некогаш и само ЕМС масажата го подобрува расположението)
- со фокус на циркулација, стабилизација и ослободување од мускулна напнатост
- често помага и кај болки и чувство на тежина во долниот дел на стомакот
Целта е телото да се почувствува олеснето, а не дополнително оптоварено.
Фоликуларна фаза (по менструација)
Енергијата постепено расте, а телото полесно гради сила и издржливост.
Тренинзите можат да станат подинамични, со малку поголем интензитет и фокус на сила и стабилност.
Овулаторна фаза (средина на циклусот)
Фокусот, самодовербата и физичката моќ се на својот врв.
Ова е идеален момент за поинтензивни ЕМС тренинзи и напредок во силата и контролата.
Лутеална фаза (пред менструација)
Ова е период кога е потребна поголема грижа, слушање на телото и флексибилност.
Намалувањето на интензитетот и прилагодувањето на вежбите помагаат да се одржи континуитет без дополнителен стрес.
Како ЕМС персоналниот тренинг се прилагодува на циклусот
Во ЕМС персоналниот тренинг, технологијата никогаш не е над телото – таа е во служба на телото.
Секој тренинг започнува со разговор, следење на моменталната состојба и проценка на енергијата. Како персонални тренери, не работиме по една шема, туку го прилагодуваме:
- интензитетот на електричните импулси
- времетраењето и динамиката на вежбите
- фокусот (стабилност, мобилност, сила или релаксација)
Токму оваа прилагодливост е причината зошто ЕМС технологијата не се коси со менструалниот циклус, туку се усогласува со него.
Пример од пракса
Една наша членка, која редовно тренира со ЕМС, дојде во период кога се чувствуваше послабo и уморно пред менструација.
- Наместо стандардниот интензитет, ја прилагодивме силата на импулсите и фокусот го ставивме на стабилизација и ослободување од напнатоста.
- По само 20 минути, таа се чувствуваше полесно, без дополнителна замореност.
- Кога нејзината енергија повторно се зголеми, постепено го вративме интензитетот и прогресивно ги надградувавме вежбите.
На овој начин, таа остана доследна на тренингот и постигна континуитет без борба со телото.
Поентата не е да се туркаме – туку да се усогласиме
ЕМС тренингот не е „една формула за сите“.
Тој е краток, индивидуален и прилагодлив, токму затоа е соодветен и во периодите кога телото не е на својот максимум.
Кога ја разбираме сопствената цикличност:
- тренираме попаметно
- се чувствуваме побезбедно
- имаме подобар континуитет
- резултатите доаѓаат без борба со телото
Телото не е проблем што треба да се „поправи“.


Leave a Reply