Зошто ЕМС тренингот е поефективен од конвенционалниот тренинг?!

Брзото темпо на секојдневното живеење наметнува недостиг на време за сопственото здравје со листа од нездрави навики, па затоа вежбањето најчесто свесно го оставаме меѓу последните приоритети на листата! Денес, развојот на брзата технологија се прошири и во фитнес светот, а од нас се бара голема флексибилност за да имаме поквалитетен живот и заштеда на многу време.

За време на еден 20 минутен тренинг со електро стимулација, околу 95% од мускулите се активираат истовремено со секој циклус на контракција. Електричните контракции кои се вклучени до ниво на издржливост според вежбачот, се посилни и поинтензивни отколку со нормални напори за вежбање со дополнителни справи.

Во споредба со конвенционалниот тренинг, се активираат терцијалните мускулни групи, што доведува до подобра внатрешна меѓумускулна координација низ целото тело, па врз основа на научно докажани факти, за кратко време од 20 минути со максималнафокусираност ги постигнуваме психофизичките резултати. Со оглед на времето наконтракција и интензивната мускулна фреквенција, истражувањата потврдуваат дека ефектот од 20 минутниот ЕМС тренинг е споредлив со 3 часа конвенционален тренинг, давајќи брзи и видливи резултати по осмиот ЕМС тренинг.

Голем број спроведени истражувања, покажуваат дека континуираната физичката активност од 20 минути 2х неделно, не само што влијае на физичката форма кај човекот,исто така има големи бенефити и кај менталното здравје. Да не заборавиме, тие две ја прават целината за подобар стандард за квалитет на живот. Секако, правилната избалансирана исхрана и сонот кој во просек би требало да биде од 6 часа до 8 часа, имаат големо влијание врз промените кои сакаме да ги направиме за подобра форма и здравје. Промената не е секогаш лесна, но е секогаш возможна со преземање на мали чекори, па тоа да е и 20 минутен тренинг!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *