Воведување ЕМС тренинг за психофизички активен живот

Веруваме дека секој човек барем еднаш во животот бил физички активeн, па тоа било и само пешачење. Но, дали се имаш запрашано, која активност ќе нѐ стимулира да останеме психофизички активни?! Истовремено да го вежбаме нашето тело, но и нашиот мозок?! Да трошиме што повеќе калории, а притоа да ја зацврстиме кожата по можност со по некој дефиниран мускул на стомачните, нозете, рацете… Или пак, секојдневниот стрес сакаме да го намалиме и да се наполниме со позитивна енергија и да имаме поголем фокус во извршување на тековните обврски…

Тренингот со електро стимулација е нова форма на вежбање за цело тело што го трансформира светот на фитнесот. Во секојдневниот живот, нашето тело природно ги стимулира мускулите со испраќање био – електрични импулси надолу по ‘рбетниот мозок и во нашите нервни мускулни влакна т.н терцијални мускулни групи (најмалите мускулни групи). На мускулите им е потребна оваа стимулација за активно да се одржат во подобра форма и за циркулацијата на крвта во телото да се подобри за краток период.

Слика 1. Електричната мускулна стимулација (EMS) интензивно ги контрахира мускулите користејќи електрични импулси, на ист начин како што тоа го прави нашиот мозок. Кога се користи правилно, EMS има способност да го подобри нашето здравје и благосостојба.

ЕМС не е ништо повеќе од засилување на сопствените електрични импулси на телото. Дополнителниот стимул односно контракција предизвикува нашите мускули да се собираат повеќе и да работат понапорно за доста пократко време односно за 20 минути.

Поради оваа технологија, ЕМС ги прави резултатите од напредните програми за тренинзи лесно остварливи за сите возрасти со акцент на заштеда на времето.

Ќе се согласиме повеќето, остварување на сонот да се има убаво, здраво и мускулесто тело, не е лесно. Навиката за вежбање често се прекинува поради недостаток на време.

Губење на ентузијазмот и мотивацијата кај младата популација е сѐ почест изговор, додека кај повозрасната популација, физичките ограничувања на екстремитетите од телото се почести и голем предизвик е мускулите да се одржат во активна форма за здравјето, а сите органи ги зачуваме витални.

Одржувањето и забрзувањето на резултатите е тешко, дури и за професионалните спортисти. ЕМС тренингот со персонален ЕМС инструктор го олеснува истото благодарение на краткиот 20 минутен тренинг и тогаш кога сме ограничени со времето.

И, да не заборавиме, со голема дисциплина на телото, ние всушност ги одржуваме нашите
највредни органи, мозокот и срцето.

Слика 2. Вежбање во пар со електро стимулација. Вежба за активирање на цело тело

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *